Меѓународниот монетарен фонд побарал од Грција да ги намали пензиите и да ја зголеми стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ), објави грчкиот информативен портал њуз.ин.
Според сајтот, ваквото барање му било доставено на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис на вчерашната средба во Вашингтон со директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, на која Атина ветила дека ќе ги исплати своите долгови кон Фондот, чиј краен рок на доспевање истекува на 9 април.
Германската агенција ДПА, повикувајќи се на извори во грчкото Министерство за финансии, јави дека Варуфакис се обидел да ја убеди Лагард ММФ да не инсистира на нови мерки на штедење до јули годинава, како услов за исплата на допочнителна помош за Грција.
Според истите извори, за разлика од европските кредитори на Грција, ММФ бил по крут во барањето нови мерки на штедење, кои вклучуваат и намалување на пензиите и зголемување на ДДВ.
За неделава се најавува и интензивирање на преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори, кои се одвививаат паралелно во Брисел и во Атина, иако претходно беше најавено дека грчката Влада бара нивно одлагање за по велигденските празници.