Митревски: Управниот суд ја потврди легитимноста на раководството на ССМ

Од:

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски денеска соопшти дека Управниот суд донел одлука со која се потврдува неговиот избор за претседател на синдикатот.

На прес-конференција Митревски истакна дека одлуката ја потврдува легитимноста на раководството на ССМ и дека претходниот министер за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими постапил правилно кога го поништил решението на техничката министерка Фросина Ременски.

– Со одлуката се потврдува дека бил направен обид за фалсификување на документи и направени се низа повреди во постапката која ја воделе т.н. лидери на синдикати и в.д претседател, рече Митревски.

Тој побара почитување на одлуката на Управниот суд, а од претседателите на СИЕР, УПОЗ и в.д претседателот на ССМ Дарко Димовски да си поднесат неотповиклива оставка поради, како што рече, направен фалсификат и злоупотреба на членството.

Подолг временски период меѓу Митревски и Димовски се водеше спор околу тоа кој е легитимен претседател на ССМ.

Би можело да ве интересира

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати

Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, а не зголемување на пензиската граница

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС