Митева: Со новиот скандал за изградба на „Чебрен“, се загрозува и енергетскиот суверенитет

Од:

Галопирачка инфлација, нови 500 милиони евра задолжување, уништен животен стандард на граѓаните, но затоа власта во заминување е заглавена во криминал и корупција во секоја сфера. Новиот скандал за изградба на Чебрен, со кој се загрозува и енергетскиот суверенитет на Македонија се пресметува во стотици милиони евра, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

„Првата одлука на Влада – е одлука за почнување на постапка за доделување концесија за изградба на проектот Чебрен, објавена на 17.01.2020 година. Во оваа одлука, конкретно во членот 5 се наведени процедурата и условите кои што ги донела владата и таму е пропишано дека државата ќе и ја подари ХЕЦ Тиквеш на компанијата што ќе ја добие оваа набавка после три месеци од датумот на започнување на изградбата.

Втора одлука се носи веќе во месец февруари истата 2020 година, само еден месец подоцна, од страна на техничката влада на Оливер Спасовски и оваа одлука е за изменување на претходно донесената одлука со што со новиот акт членот 5 ставот 3 се брише. Практично, владата на Спасовски ја модифицира одлуката на владата на Заев.

Она што е фрапантно е што тие во повикот за доделување на концесија се повикуваат на поништената одлука, но модифицирана. Односно, поништената одлука или првата одлука која што ја донела владата вели дека државата на добитникот ќе му ја отстапи ХЕЦ „Тиквеш“ за три месеци откако ќе почне градбата“, додава Митева.

Појаснува дека владата на Ковачевски повикот го спроведува на непостоечка одлука.

„Имено објавениот јавен повик во 2023 е врз основа на одлука која е изменета, односно во јавниот повик повторно се појавува ХЕЦ „Тиквеш“ како хидроцентрала која државата ја отстапува, иако не би требало да се појави бидејќи тој дел е избришан и променет од владата на Спасовски.

На 14 септември 2023 година се носи одлука на Влада каде што се избира најповолен понудувач за Чебрен односно грчкото електростопанство. Владата во таа одлука се повикува и на двата Службени весници каде се објавени претходните одлуки, и онаа во која се вели дека ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата, и онаа во која тоа се брише.

Се поставува прашањето: Која од овие одлуки е важечката одлука по која е распишан повикот и добиен тендерот, кои услови се применувани, зошто се појавува различно толкување на отстапување или не отстапување на ХЕЦ „Тиквеш“? Дали три месеци по отпочнување на градбата или три месеци по пуштање во функција на хидроцентралата „Чебрен“?“, прашува Митева.

Ова, според неа, е скандал за кој власта се надева дека никој нема да го разбере ниту примети, нивната игра со законските акти е веќе добро позната, но за ова одговорност ќе има.

Би можело да ве интересира

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат

Кузеска: Наместо аматерски скечеви пратениците од ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши со новото уставно име

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски