Митева: Никогаш не било полошо – Само 20% раст на БДП за седум години власт на СДС и ДУИ

Од:

Со СДС на власт, Македонија не само што не оди напред, туку и стагнира. За седум години власт на СДС Македонија заостана зад сите држави во регионот, сите земји кои беа зад нас сега се пред нас. Во период од 2017 до 2023 година растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај сите други држави од регионот е 50%, а некаде и над тоа вели портпароката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Имено додека во Македонија економијата пораснала за 20%, во БИХ таа се зголемила за 42%,во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Сите овие држави се наоѓаат на Балканот, имаат слична економска основа и појдовна точка, сите се соочуваат со слични предизвици, единствена разлика помеѓу Македонија и сите други е тоа што овде на власт е СДС и ДУИ, кои наместо за граѓаните, работат само за себе, рече Митева.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски