Минстерот за финансии во Владата на Србија Душан Вујовиќ даде предлог за прекроена државна каса за оваа година, објави денеска Политика наведувајќи дека „минусот“ во буџетот е зголемен од 182 на 224 милијарди динари (милијарда и 785 милиони евра).
Нацрт ребалансот на буџетот предвидува приходи од 897.165.195.000 и расходи од 1.121.934.765.547 динари, наведува весникот повикувајќи се на неколку неофицијални извори.
Тој документ во кој планираниот минус е повеќе од 224 милијарди динари најверојатно следната недела ќе се најде пред членовите на владиниот Кабинет по што ќе биде проследен во Собранието на усвојување.
Весникот тврди дека тоа е дури 42 милијарди динари (351 милиони евра) поголем дефицит отколку што беше предвидено со Законот за буџет за 2014 година (182 милијарди динари).
Минусот во државната каса е зголемен од нешто повеќе од 4 отсто на седум отсто БДП. Владата треба да го усвои тој предлог до 1 ноември за да може Собранието на Србија да го усвои буџетот за 2015 година – до 15 декември, наведува Политика.