Министрите за финансии од ЕУ ја поддржуваат одлуката на ЕК за „Епл“

Од:

Министрите за финансии од ЕУ ја поддржуваат одлуката на Европската комисија американската компанија „Епл“ да врати милијарди евра на Ирска, добиени како незаконски даночни олеснувања.

Денеска е втор ден од дводневниот самит на министрите за финансии од ЕУ во Братислава.
Холандскиот министер за финансии Жерун Дејселблум и неколку негови колеги повикаа „Епл“ да плати износ, кој според аналитичарите заедно со каматата може да достигне 19 милијарди евра.

Кон крајот на минатиот месец со решение на 150 страници ЕУ донесе одлука дека Ирска обезбедила на „Епл“ незаконска државна помош во вредност од 13 милијарди евра.

Даночните прашања се во надлежност за земјите членки на ЕУ, но Комисијата смета дека може да интервенира во случајот со „Епл“ бидејќи даночните олеснувања договорени со Ирска претставуваат државна помош, област што е регулирана од ЕК.

Дејселблум, кој е и претседател на Еврогрупата, изјави деак меѓународните компании се обврзани да плаќаат целосни даноци. Тој додаде дека пропустите во меѓународните даночни закони се нешто од минатото и „Епл“ ќе треба да плати даноци како во САД, така и во Европа.

„Епл“ и Ирска каде се наоѓа седиштето на американскиот технолошки гигант, ќе ја обжалат одлуката.

Би можело да ве интересира

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година

Ана Ололовска

ЕУ го обвини Епл за кршење на антимонополските правила

Ана Ололовска

„Епл“ ги зголемува инвестициите во САД, во следните пет години планира да вложи 430 милијарди

Жарко Настоски

Епл повторно на врвот на листата највредни брендови

Ана Ололовска

Сите продавници на Епл во Британија се времено затворени

Ана Ололовска

Епл гради две големи парк-ветерници во Данска

Ана Ололовска