Министерството за финансии утре и задутре домаќин на конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид“

Од:

Министерството за финансии утре и задутре ќе биде домаќин на Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“ што се одржува во рамки на Економскиот и финансиски форум.

Најавено е учество на високи претставници од меѓународните финансиски институции, владини претставници од земјата и регионот, експерти, претставници на невладиниот и бизнис сектор, кои во следните два дена ќе имаат можност да споделат искуства, разменат идеи и да дадат одговори за глобалните и регионалните перспективи за постпандемиското закрепнување и раст.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за финансии Фатмир Бесими и претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се одржат три панели на кои високи претставници ќе ги презентираат своите видувања, а нивните излагања треба да дадат одговори на клучните прашања – како можат политиките најдобро да го поддржат растот, кои се главните предизвици за одржување на безбедноста во светот што се менува, кои фискални и монетарни мерки помогнаа на бизнисот и работните места и кои се ризиците од предвременото повлекување на фискалните стимулирачки мерки.

На првиот панел насловен „Глобални и регионални предизвици и изгледи за опоравување и раст“, обраќања ќе имаат Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во Северна Македонија, Ендру Вајт од Охфорд универзитетот, заменик претседателот на Влада, Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, Мајлинда Брегу, генерален секретар на РСС, како и Хаолианг Ху од УНДП.

На вториот панел „Макроекономските политики и јавните финансии во време на пост-пандемија“, говорници ќе бидат министерот за финансии Фатмир Бесими, министрите за финансии на Косово и на Албанија, Хекуран Мурати и Анила Денај, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, регионалниот директор на СБ за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, Алфред Камер од ММФ и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, Тимчо Муцунски.

„Добро владеење и социјална кохезија“ е насловот на третиот панел, на којшто е најавено обраќање на министрите за внатрешни работи и за правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски, како и на евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј и Барбара Колм, заменик претседател на Австриската Централна Банка.

Вториот ден од Конференцијата е посветен на јавните и приватните инвестиции и конкурентоста, зелената економија, човечкиот капитал и инклузивниот развој, а воведни обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

И вториот ден ќе се одржат три панели. На првиот панел посветен на јавните приватни инвестиции и конкуретноста се очекува да бидат презентирани идеи за можностите за поголема инволвираност на приватниот сектор. Говорници ќе бидат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, потпретседателот на ЕИБ, Лилјана Павлова, потпретседателот на ЕБРД, Јурген Ригтеринг, министрите за економија и за транспорт и врски Крешник Бектеши и Благој Бочварски, регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претседателите на трите најголеми стопанските комори во земјава Бранко Азески, Данела Арсовска и Неби Хоџа.

Во вториот панел во вторник насловен „Паметен и зелен раст на економијата“ говорници се еврокомесарот Паоло Џентилони, извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс, директорот на СБ за РС Македонија, Масимилијано Паолучи, регионалниот директор на МИГА за Европа и Централна Азија, Олга Шловскаја, постојаната претставничка на УНДП во РС Македонија Нарине Сахакјан и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Конференцијата ќе се заокружи со панел посветен на човечкиот капитал кој е клучен за развој и раст на економијата. Се очекува да бидат презентирани идеи кои ќе дадат одговор како да се зајакне образовниот и здравствениот систем, како и други клучни прашања во овој дел. Говорници ќе бидат Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа, министрите за здравство, образование, надворешни работи, локална самоуправа и култура во земјава, како и Хари Патринос, менаџер за образование во СБ за Европска и Централна Азија и Јамеле Риголини, програм лидер за човечки развој во СБ за Западен Балкан.

Завршните заклучоци од конференцијата ќе бидат презентирани од министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и државниот секретар во Министерството за финансии Јелена Таст.

Идејата за организирање на оваа меѓународна конференција, велат од Министерството за финансии, произлегува од заложбата за промовирање и спроведување инклузивен дијалог со социјалните актери. Се очекува конференцијата да ги постави темелите и во иднина таа да прерасне во традиција и да има силно влијание во регионот и Европа.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска