Министерот Хоџа им гарантира на лозарите дека нема да остане неоткупено грозје

Од:

Владата е на страната на земјоделците, лично гарантирам дека грозје нема да остане, им порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на лозарите од Неготино кои неодамна протестираа.

На средбата во Министерството за земјоделство, Хоџа информираше дека откупната цена за оваа реколта ја објавија скоро сите винарии и изнесува 11 денари за „смедеревка“ и 12-13 денари за „вранец“.

Откупот се уште не е почнат со максимален интензитет, досега се откупени само 1,3 милиони килограми.

-Ќе се заложам сите сорти грозје да бидат опфатени со помошта од два денара за килограм. Владата навистина е на страната на земјоделците, за што зборува и фактот дека во 2020 година и покрај економската криза од КОВИД, државата исплати 20 милиони евра за лозарството, дел за субвенции а дел преку Ковид пакетите, истакна Хоџа.

На состанокот присуствуваа и директорот на Инспекторатот за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Неготино, Тони Делков.

-Инспекторатот е на терен секојдневно, сита ваги се баждарени, а во наредните денови инспекциските контроли ќе бидат уште повеќе засилени, рече Шапуриќ.

Тој и министерот ги охрабрија лозарите секаде каде ќе има проблем во проценката на тежината, шеќерноста или откупната цена, веднаш да ги известуваат на телефонските броеви, со цел никој да не биде оштетен, а откупот на грозје да тече како што е договорено.

-Ова особено важи доколку винарските визби не ги почитуваат цените кои се јавно истакнати, секој земјоделец е повикан да пријави направилност веднаш. По дојавите за неправилност, веднаш ќе бидат испратени инспектори да ја утврдат фактичката состојба, рекоа Хоџа и Шапуриќ.

Градоначалникот Делков повторно информира дека Општината објави повик за пријавување штети предизвикани од суша и ги повика сите оштетени да аплицираат.

Би можело да ве интересира

МЗШВ и оризопроизводителите постигнаа договор

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Хоџа: Нема да дозволиме поединци да профитираат политички на сметка на лозарите

Ана Ололовска

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје

Ана Ололовска

Хоџа: Очекуваме добри приноси од пченицата

Ана Ололовска