Министерот Димковски на средба со оризопроизводителите од Кочанско, ќе се зајакнува улогата на Институтот за ориз

Од:

Рестартирање и јакнење на улогата на Институтот за ориз заради одржување на досегашните и креирање нови сорти ориз, најави министерот за земјоделство Трајан Димковски, при денешната средба со оризопроизводителите од кочанскиот регион.

-Минатата година на Институтот за ориз во Кочани му го дадовме во владение земјоделското земјиште, но тој подолго време се соочува со кадровски и технички недостиг. Ако нема нови вработувања, ако нема нови луѓе таму кои ќе работат посветено на проблематиката за контролирање и создавање семенски материјал, ќе доаѓаат фирми од странство, што ни се случуваше во минатото, и ќе промовираат свое производство и семе, а сите имаат засебен и сопствен интерес. Затоа, празнината меѓу земјоделците и бизнис-секторот што постои кај нас, треба да ја пополнат токму институтите. Зборуваме за Институтот за ориз во Кочани, но во нашиот фокус се и сите други земјоделски институти во државата, за лозарство, за поледелски, за житни култури и останатите. Така ќе можеме да видиме кои сорти се поадаптабилни на нашето подрачје. Во денешно време генетиката оди многу напред и се произведуваат нови сорти, а не треба да дозволиме земјоделците да експериментираат со нив, поради што нашето внимание ќе биде на јакнење на овие стручни организации, истакна министерот Димковски.

На средбата со земјоделците од регионот, Димковски разговараше и за употребата на заштитните препарати и нивната контрола при увоз од страна на Државниот инспекторат за земјоделство.

– За надминување на проблемите со пласманот на оризот носевме дополнителни мерки за намалување на претрпените загуби од ниските откупни цени на оризовата арпа. Минатата година, како поддршка за откуп се исплатени над 7,6 милиони денари, а во изминатите три години неколкупати се зголеми и субвенцијата за арпата. Годинава субвенциите за директни плаќања за ориз изнесуваат 25 илјади денари од хектар, а се покачи и откупната цена, односно од 29 денари, колку што беше минатата година, сега е 58 денари за килограм. Во овие три години овозможивме директна и индиректна поддршка во целото земјоделство, со историски рекорден износ од над 430 милиони евра, додаде Димковски.

Дополни и дека се вложува во подобрување на условите за земјоделското производство, пред сè во системите за наводнување, а како пример за тоа го посочи почетокот на изградбата на браната Речани кај Кочани, која ќе овозможи наводнување на нови 1.500 хектари земјоделско земјиште.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп