Министерот Бектеши ги претстави можностите за инвестирање во Македонија на годишниот инвестициски самит во Дубаи

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши на покана на министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати, Султан бин Саед АлМансури од 9 до 11 април учествува на осмото издание на Годишниот инвестициски самит во Дубаи, ОАЕ, кој се одржува под покровителство на Неговото величеств Шеик Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, потпретседател на ОАЕ и премиер на Дубаи.

Станува збор за годишен собир кој претставува водечка светска платформа за странски инвестиции, чија годинешна тема е „Поврзување на развиените и новите пазари преку странски директни инвестиции – Партнерство за инклузивен раст и одржлив развој“, кој на едно место собира по неколку десетици илјади учесници од јавниот и приватниот сектор од над 100 земји, меѓу кои претставници на министерства и владим научна јавност, стопански комори, индустриски и економски зони, банки и финансиски институции, стартапи и мали и средни претпријатија.

Министерот Бектеши, во рамки на богатата програма, ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија и економската состојба на земјата и реализира бројни средби со заинтересирани инвеститори. За време на посетата Бектеши оствари средба со реномираниот претприемач д-р. Б.Р. Шети, кој важи за еден од најуспешните бизнисмени на глобално ниво и е еден од најбогатите луѓе во Обединетите Емирати, каде и е присутен со многу компании и фабрики во различни сектори, главно во фармацевтската индустрија, но исто така е сопственик и на глобалната фабрика NEOPHARMA, како и на најпознатите приватни болници во ОАЕ: „НМЦ хоспиталс“, „Травелекс“, „ОАЕ ексчејнџ“, „Ројал“ итн. За време на средбата, д-р Шети изразил интерес во наредниов период да ја посети Македонија за одблиску да се информира со можностите и плановите за инвестирање во нашата земја.

Во текот на денешниот ден, на агендата на министерот Бектеши се неколку официјални средби со претставници на Владата на ОАЕ, пред кои ќе ги претстави инвестициските можности и политиките за привекување на инвестиции, како и можностите за зајакнување на економската соработка, која од аспект на трговска размена засега не е на задоволително ниво.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница