Министерката за енергетика очекува стабилна грејна сезона

Од:

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска денеска беше во посета на најголемиот производствен капацитет на електрична енергија во земјава – РЕК Битола.

– За жал, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола затекнаа тешка состојба во нашиот најголем производствен капацитет. Еден блок од термоелектраните, односно ТЕ Битола 1, воопшто не бил ремонтиран, а веќе влеговме во грејна сезона. Таа постројка според оперативниот план, требало да подложи на ремонтни зафати во март годинава, односно веднаш по завршувањето на претходната грејна сезона, но тоа не било реализирано. Колку што е возможно, во техничко-технолошка смисла, стручните екипи на АД ЕСМ и на РЕК Битола го подготвија овој капацитет да биде на располагање на електроенергетскиот систем во текот на зимата и периодично да се вклучува во електроенергетската мрежа – рече Божиновска.

Во соопштението се вели дека „РЕК Битола во моментов работи според енергетскиот биланс за овој период, со два блока. Во претстојните месеци, доколку е потребно во план е да се активира и третиот блок“.

– Свесни сме дека станува збор за капацитети стари преку четири децении. Вработените во РЕК Битола ги знаат сите можни предизвици и ќе направат сè што е во нивна моќ максимално да ги одржат работните процеси во термоелектраната во текот на претстојната зима. Зголемувањето на домашното производство е наш императив и добив уверување дека се преземаат сите потребни чекори за континуирано и доверливо производство на електрична енергија во текот на зимата – рече Божиновска.

Би можело да ве интересира

Божиновска: Ги поддржуваме иницијативите за зелени енергетски коридори и енергетско складирање

А1он

Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови

А1он

Божиновска: Набавката на јаглен сега ќе биде транспарентна

Во редици, со часови се чека за ваучерите за инвертер клими

Мицкоски до Спасовски: Божиновска е поголема Македонка од сите вас заедно

Катерина Ѓуровски

Божиновска тврди дека има само македонско и чешко државјанство и нема важечки бугарски документи