Минималната плата во Македонија е 12 пати помала од ЕУ

Од:

Највисоката минимална плата во ЕУ е во Луксембург и таа изнесува 1.923 евра, додека најнискиот минималец е во Бугарија и изнесува 184 евра, објави „Евростат“.

Минималната плата во Македонија од јануари годинава изнесува 9.590 денари (155 евра), што е за 12,4 пати помалку од највисокиот минималец во ЕУ, и за 29 евра помалку од најниската минимална европска плата.

Земјите од ЕУ се поделени во три групи според висината на минималната плата. Во првата група се тие каде минималната плата е помала од 500 евра и во неа спаѓаат Бугарија, Литванија, Чешка, Естонија, Полска и Хрватска.

Во втората група, со плата од 500 до 1.000 евра, се Словенија, Шпанија, Малта, Португалија и Грција.

Германија, Велика Британија, Франција, нордиските и земјите од БЕНЕЛУКС се во третата група со минималец поголем од 1.000 евра. Овие земји имаат подобар просек од САД, каде минималецот изнесува повеќе од 1.000 евра, поточно 1.035 евра.

Според податоците на Европската статистичка агенција, најголем пораст на платите е забележан во Романија, каде од јануари 2008 година минималецот пораснал за 95 отсто. Следна е Бугарија, со зголемување од 64 отсто, потоа Словачка со 58 и Летонија со 57 отсто.

Пад на минималната плата, во однос на 2008 година, е забележан само во Грција и тоа за 14 отсто. Минималецот во Ирска е останат на исто ниво, додека во останатите земји од ЕУ минималната плата се зголемила.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ