Мицкоски: Како се ограбува Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ денешно ЕСМ?

Од:

„Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ денешно ЕСМ!!! ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 6ти до 12ти Август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh. Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 254,7/MWh!“ пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека „за истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 310,37 €/MWh или по денови:

6/Август 281 €/MWh

7/Август 207 €/MWh

8/Август 312 €/MWh

9/Август 317 €/MWh

10/Август 304 €/MWh

11/Август 337 €/MWh

12/Август 414 €/MWh

Разликата во цена е:

1750 MWh x (310,37-254,7)€ = 97.422,5€“.

Заклучокот на Мицкоски е дека „Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 6.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ

Мицкоски: Ковачевски е исплашен, бега од избори, од дебата

Горан Наумовски

Мицкоски од Тетово: Време е ДУИ да оди во пензија и во опозиција

Мицкоски: Пред партијата е победа на следните претседателски и парламентарни избори

Мицкоски кон Ковачевски: Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство

Мицкоски за случајот Пендиков: Политичарите од владата имаат свиткана кичма