Мицкоски: Зголемувањето на даноците директно ќе се одразат негативно на македонските компании

Од:

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски денес беше во посета на МАСИТ (Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии).

На средбата Мицкоски ги презентираше своите погледи и ставови во поглед на актуелната економска ситуација, како и, според него, влошените услови за организирање и водење на бизнис.

„Најпрво посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има отворен однос кон стопанствениците и се залага за нивна поддршка во насока на олеснување на условите и подобрување на водењето на бизнис. Посочи дека Македонија располага со огромен потенцијал кој седи неискористен, поради немањето на вистинска волја на државата за напредок во оваа област. Тој изрази загриженост поради надолниот тренд во економијата, големите бирократски процедури, и отежнатите услови за водење бизнис“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека потребна е поголема отвореност на владата и разбирање на потребите на бизнис заедницата.

„Зголемувањето на даноците директно ќе се одразат негативно на македонските компании, како и воведувањето на данокот на реинвестирана добивка кој ќе ги дестимулира стопанствениците. Од страна на раководството на МАСИТ беше преставена работата на комората и се изрази подготвеност за соработка со сите субјекти кои може да придонесат во сферата на делување на самата комора“ пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода

Горан Наумовски

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ