Мицкоски: Со повисоките даноци ќе има поголем грабеж, кој ќе го платат граѓаните

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Тој зборуваше дека во овој момент има судски процес против ВМРО-ДПМНЕ се со цел затскривање на сите оние погрешни политики кои владата на СДСМ предводена од Зоран Заев ги прави на Република Македонија во изминатава година и половина откако се влада.

– Ова Кацарска судство и Русковска обвинителство со овие искреирани, исценирани сведочења на кои што сме сведоци изминативе денови има за задача да го реализира проектот како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ. Тие се свесни дека се додека дише ВМРО-ДПМНЕ, се додека е силно толку повеќе нивните политички кариери се доведени под знак прашање. Едниот проект е како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, а другиот проект е да збориме за се, јас би рекол да дехидрираат од плукање врз Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а притоа да не направат реформа во здравството ниту да ја подобрат економијата ниту образованието нити некој нов проект да направат со кој практично ќе исполнат елементарно ветување со кое излегоа пред граѓаните рече Мицкоски.

Мицкоски пред членовите и симпатизерите посочи дека ова било кажано уште пред неколку месеци и дека СДСМ се целосно насочени кон криминалот и кон фингираните судења кои се случуваат во позадина за да не може јавноста да зборува за тоа.

Мицкоски исто така рече дека се случува и вистинско фијаско во економијата, ќе се воведат повисоки данови за да има, како што рече, поголем грабеж кој ќе го платат граѓаните.

– Повисоките даноци се само да го покријат она што го крадат од државната каса, а секако тоа ќе го платата граѓаните. За очекување е да стане уште поскап животот на семејствата, а повеќе пари за државата значи помалку пари за домаќинствата. Ветуваа и дека од тоа што ќе го вовеле повратот на ДДВ ќе имало за секое семејство 13-та плата. Не само што нема 13-та плата туку и 12-тата ја јадат преку зголемените даноци, истакна пред присутните Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

Мицкоски во Дубаи ги претстави можностите за инвестирање во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?