Мицкоски му се пожали на Соботка дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад и дека владата не може да обезбеди раст

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес, заедно со Александар Николоски и Влатко Ѓорчев се сретна со претседателот на националниот совет на Австрија Волфганг Соботка.

На средбата се разговарало за повеќе теми важни за стратешките приоритети на Република Македонија, како и за актуелните политичка и економска состојба во државата.

„Претседателот Мицкоски на средбата го информираше својот соговорник за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европски вредности кон кои се стреми Македонија. Мицкоски ја потенцираше и влошената економска состојба во Македонија која е резултат на неспособноста на актуелната власт. Тој истакна дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, а владата не може да обезбеди економски раст“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците разговарале и за реформските приоритети кои се важни за членството на државата во ЕУ и НАТО.

„На средбата беше истакнато дека е од огромно значење поддршката на Република Австрија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но приоритет е земјата сериозно да се зафати со реформи во кои за жал моментално власта сериозно заостанува“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода

Горан Наумовски

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ