Мицкоски: Контролата на цените на производите е робусна и жестока како никогаш досега

Од:

Контролата на цените на производите е робусна и жестока како никогаш досега, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека следната недела ќе имаат состанок за законските измени како една од мерките за да се спречи ново покачување на цените по 30 април, по што, како што рече, ќе може да каже повеќе детали.

– Се бориме, процесот е динамичен. Можам да кажам дека очекувам намалување на трошоците веќе во март споредено со февруари, рече Мицкоски во одговор на прашање при денешната посета на Свети Николе.

Ги повика трговците да им служат на граѓаните наместо да нарачуваат „платени прес-конференции кај опозицијата“.

-Тие постојат за граѓаните и граѓаните се нивните потрошувачи. Наместо да подметнуваат текстови кај опозицијата, која ги чита на прес-конференции, да стават прст на чело и да не се служат со трикови, туку да работат во интерес на граѓаните, порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?