Мицкоски: Ја стабилизираме економијата

Од:

Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст, напиша премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук.

– Стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што е за 1 процент помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина.

Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69 проценти, додека увозот за 4,35 проценти. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти, стои во објавата.

Мицкоски посочува дека вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период минатата година.

– Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој, наведува Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата амбиција е да станеме сериозна држава, што ја знае својата историја, но не е заробена во неа

А1он

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

А1он

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки