Мицкоски: Цената на струјата реално поскапува за нови 15% нето вредност

Од:

Во текот на посетата на Битола, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски го коментираше поскапувањето на електричната енергија кое денес РКЕ треба да го објави. Според Мицкоски хаотична ќе биде состојбата и освен покачувањето на струјата се укинува и евтината тарифа во текот на денот.

Од тоа што слушаме ќе се укинува евтината тарифа преку ден, едно од изборните ветувања на власта од изборите во 2017-та година, кое што ќе ја зголеми 5-7% цената на електричната енергија. Дополнително најавуваат поскапување од 9,5-10%, што би значело некаде околу 15-тина проценти во нето вредност би требало да се покачи електричната енергија, според тие јавувањата што ги слушнеме од Владата, рече Мицкоски.

Тој изрази стравување за финансиската состојба на енергетските компании кои најавуваат банкрот.

-Дополнително компаниите кои на слободен пазар набавуваат електрична енергија плаќаат 4 пати поскапо, а владата нема слух за помош кон нив, така што има една тотално хаотична ситуација, дополни Мицкоски.

Мицкоски потсети дека кога ВМРО-ДПМНЕ протестираше за цената на струјата пред неколку години беа исмејувани, но сега се виде дека не била ниту за исмејување ниту за навредување, бидејќи денес удира директно по џебот и стандардот на граѓаните во очи на празниците.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Папата Франциск низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Мицкоски во Дубаи ги претстави можностите за инвестирање во Македонија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Кога сме раздвоени, кога сме поделени, тогаш сме лесен плен за предаторите, рече Мицкоски на 34 години од формирањето на УМС