Мицкоски: Цената на струјата ќе се зголеми за 30 до 40 проценти

Од:

Од 30 до 40 проценти зголемување на цената на струјата прогнозира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој смета дека далеку од вистината е она што деновиве беше пласирано од властите дека цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.

Во краен случај, како што рече на денешниот брифинг со новинарите, одлуката ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а таа, како што појасни, ќе предвидува укинување на евтината дневна струја од 14 до 16 часот попладне, но не и укинување на ноќната евтина струја и таа во недела.

Мицкоски вели дека енергетска криза е глобална, но ја засега нашата земја, а клучната грешка што, според него, власта ја направила изминатиов период е тоа што го оставила ЕВН Хоум сам да купува струја, наместо во процесот на надополнување на недостигот на струја да биде вклучен ЕСМ. Мицкоски појаснува дека ЕВН Хоум е приватна компанија со регулирана дејност, која доколку недостигот го набавувала преку ЕСМ тогаш државата ќе можела да излезе во пресрет и да помогне. Во сегашната ситуација ЕВН Хоум нема да банкротира, според Мицкоски, а сето она што однапред е потрошено наместо на државен ќе треба да биде на товар на граѓаните.

Како друг проблем ја посочи неповолната состојба, според него, на РЕК Битола, но и недомаќинското работење на хидроелектраните кои летоска наместо да акумулираат вода за грејната сезона, произведувале струја и ја продавале. Мицкоски појаснува дека во грејната сезона хидроелектраните треба да работат со капацитет од 50 до 60 проценти, а во моментов, како што вели, кај нас се многу под тоа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во претстојнава грејна сезона на земјава и недостигаат 300 до 350 евра милиони евра за да го покриеме периодот на грејната сезона. Тој вели дека претставниците на власта побарале совет од него за тоа како да се реши ситуацијата за која тој предупредувал и претходно, но напоменува дека кризата е глобална, додавајќи дека германските регулатори не дале дозвола за работа на гасоводот Северен поток 2 во наредните шест месеци поради што ќе нема гасно поврзување помеѓу Русија и Германија, а сето тоа ќе се одрази и на висината на цената на природниот гас.

Според Мицкоски, тоа ќе се рефлектира и во нашата земја со оглед на тоа што топланите на БЕГ работат на гас.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите