Мицевски: Заев и Ангеловска со буџетот за 2020 прават класичен поткуп за предстојните парламентарни избори

Од:

„Зоран Заев и Нина Ангеловска го скроија најголемиот, најрасипничкиот, најкоруптивниот и најнеразвојниот буџет во историјата на независна Македонија. Удираат по џебот на граѓаните, собираат пари за луксузирање, а капиталните инвестиции им се помали и од најлошите години. Власта за 2020 година предвидува да потроши неверојатни 4 милијарди евра.

Буџетот за идната година е поголем за 200 милиони евра од буџетот за оваа година, а сумата која се одвојува за капитални инвестиции и процентуално и номинално е помала од сумата која беше предвидена за оваа година.

Наместо буџетот да придонесува за подобрување на квалитетот и продуктивноста на администрацијата, Заев и Ангеловска со овој буџет прават класичен поткуп за предстојните парламентарни избори манипулирајќи ги граѓаните велејќи дека вложуваат во човечки капитал.

Треба да се има проекти за да се оспособат младите луѓе, тоа е капитал, а вака тие се само потрошувачи. Овој буџет не создаваат услови за капитал а што имаме ние, во услови кога се зголемува буџетот, се намалуваат инвестициите“, рече Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така слушаме нов поим во науката – инвестиции во човечките ресурси, во исплата на плати во државна администрација која не е намалена, туку уште се зголемува заради партиски цели, а овој буџет единствено треба да помогне во предизборниот период за потребите на СДСМ.

Ова не е ни приближно вложување во човечки капитал туку класичен пример за буџет кој што треба да служи за поткуп, уцени и корупција со гласачите.
Заев и Нина Ангеловска во услови кога го зголемуваат буџетот за 200 милиони евра, наместо да покачат, ја намалуваат ставката за капитални инвестиции за 43 милиони евра.

За споредба, пред доаѓањето на власт на оваа најмеспособна гарнитура, ставката за капитални инвестиции изнесувала од 10 до 15% од буџетот, а сега минатогодишните 6,5% ги намалуваат на 5% од буџетот. Тоа е рамно на катастрофа.

Се предвидуваат над 200 милиони евра повеќе, а ниту евро повеќе за автопати, железници, гасоводи. Нема пари за развој, но има за изборен поткуп.

Додека парите за развој се намалуваат, се зголемуваат средствата во ставката стоки и услуги.

Владата планира догодина да потроши 180 милиони евра повеќе на стоки и услуги, односно цели 835 милиони евра. Значи близу една милијарда евра фрлени низ ветер.

Овие 835 милиони евра власта планира да ги потроши на тендери, привремени вработувања со цел изборен поткуп и исплата на патни трошоци. После сите се чудиме како Пендаровски мртов ладен изјавува дека би заминал од Македонија доколку не бил избран за претседател, а младите засилено веќе бегаат од државата.

Со новиот буџет нема средства за Чебрен и Галиште, ниту за ТЕЦ Неготино. Нема пари ниту за енергетски развој, ниту за нови проекти во секторот за користење на природен гас. Нема пари ниту за борба против загадениот воздух, а генерално на шкрги ќе дише Министерството за животна средина кое ќе добие под 1% од буџетот.

Оваа власт која дојде ветувајќи подобро образование, за идната година предвидува 17% помалку во буџетот за наука од оваа година. Значително се намалуваат и средствата за изградба на основсни и средни училишта, како и за студентски домови.

Екстра пари ќе нема ниту за здравството, а граѓаните и медицинскиот персонал нема да видат ништо ниту од нови, модерни и послапи медицински апарати.

Овој буџет е расипнички и не води грижа за развојот на државата и идните генерации.

Единствено позитивно во овој буџет е што оваа неодговорна, неспособна и расипничка власт нема да може да го троши после 12 април.

Ваквиот буџет ќе претрпи значителен ребаланс со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, кога ќе бидат одвоени повеќе средства за развој, капитални проекти и креирање додадена вредност за државата и граѓаните.

На 12 април завршува расипничкото трошење на народни пари. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450