Денешната аукција на државни записи е согласно календарот на аукции за државни хартии од вредност.
Средствата кои се јавуваат како разлика помеѓу побараните на проспектот и реализираните со аукцијата ќе останат како депозит за следната година, стои во соопштението од Министерството за финансии во однос на реакцијата на дополнителниот заменик-минситер за финансии Кире Наумов.
Во соопштението потсетуваат дека со цел да го намали нето задолжувањето по основ на државни хартии од вредност, Министерството за финансии изминативе месеци не одржа 6 аукции предвидени со календарот.