МФ: Нема ново нето задолжување од денешната аукција

Од:

Нема ново нето задолжување со денешната аукција. На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,37 милијарди денари или 22,24 милиони евра, од кои утре ќе се вратат 1,38 милијарди денари, односно 22,46 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, информираат од Министерството за финансии на прозивката од ВМРО-ДПМНЕ.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од една милијарда денари со камата од еден отсто и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 337 милиони денари со камата од 3,50 отсто.

– Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност, што утре се отплаќаат се шестмесечни државни записи без девизна клаузула во износ од 910 милиони денари со камата од 1,55 отсто, шестмесечни државни записи со девизна клаузула во износ од 403,6 милиони денари со камата од 1,45 отсто и петгодишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 68 милиони денари, со каматна стапка 4,6 отсто, наведуваат во соопштението.

Во текот на јуни по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 1,8 милијарди денари или 29,9 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска