Мерките на штедење влијаат врз почитувањето на човековите права во Шпанија

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс во својот извештај за Шпанија нагласува дека мерките за штедење со кои се намалија средствата за социјална заштита, здравство и образование, доведоа до загрижувачки пораст на сиромаштијата во Шпанија, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Оваа ситуација има посебно негативно влијание врз почитувањето на човековите права на децата и хендикепираните лица. Според Комесарот за човекови права, шпанските власти треба повеќе да се грижат правата на ранливите групи да бидат почитувани при примената на мерките за штедење.

Комесарот забележува дека се поголем број деца се соочуваат со сиромаштија, неухранетост и несоодветни станбени услови.

Овој феномен посебно го загрижува Мужниекс, кој смета дека тоа може да има тешки последици за Шпанија.

Тој ги посочува и најавите за намалување на средствата во образоваието, што се одразува врз еднаквите можности, при што некои деца се соочуваат со тешкотии да добијат квалитетно образование.

Мужниекс исто така е загрижен и поради мерките за штедење со кои се погодени хендикепираните лица.

Комесарот изразува загриженост и поради прекумерна употреба на сила и тортура од страна на шпанската полиција, чии припадници не се казнувани поради ваквите постапки. Тоа претставува сериозен проблем во почитувањето на човековите права, поради што Шпанија беше осудена и од Европскиот суд за човекови права.

Мужниекс бара укинување на тајните затворања, при што има сериозни кршења на човековите права, како и на апсењето на лицата според етничка припадност, пред се на имигрантите, кои на тој начин се стигматизирани.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата