Менаџментот на РЕК-Битола во присуство на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, утре во комбинатот ќе имаат заедничка работна средба со претставници на здруженија на граѓани од Пелагонискиот регион чија мисија е посветена на заштитата на животната средина и екологијата.
Од секторот за односи со јавност на РЕК-Битола информираат дека на средбата ќе се разговара за тековните и планираните проекти за заштита на животната средина што ги реализираат АД ЕЛЕМ, РЕК Битола и Владата на Република Македонија.
– Средбата на претставниците на невладини организации и здруженија што третираат проблеми од областа на екологијата со заменик- министерот Макрадули и раководниот тим на РЕК Битола ќе биде со интерактивен контекст и отворена за сите претставници на НВО-секторот посветен на заштитата на животната средина, информира Методија Куновски, лице за односи со јавност во РЕК-Битола.