Менаџерка од Дојче банк тврди дека не е веројатен нов колапс од типот на Леман брадерс

Од:

Светскиот шок предизвикан од колапсот на американската инвестициска банка Леман брадерс пред 10 години, најверојатно нема да се повтори, изјави извршна директор на Дојче банк, која исто така, ја отфрли можноста за укинување на дерегулацијата на финансискиот пазар.

– Оттогаш, се поставени многу заштитни механизми за да се спречат ефектите од „зараза“ и многу е направено за зајакнување на финансискиот систем, изјави за ДПА Силвие Матерат, членка на одборот на најголемата банка во Германија.

Леман, некогаш четврта најголема инвестициска банка во САД, поднесе барање за стечај во септември 2008 година, откако нејзината изложеност на ризиците од хипотеките резултираше со огромна продажба на нејзиниот удел и масовно заминување на клиенти.

Матерат, исто така, верува дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата Републиканска партија ќе се соочат со силно противење на секакви чекори за големо намалување на регулативата за финансискиот пазар воведени во пресрет на финансиската криза.

– Не верувам дека ќе има бран на дерегулација, во основа поради тоа што е доста тешко да се имплементира, а тоа ќе биде тешко да се смени, рече Матерат, кој е главен регулаторен офицер во Дојче банк.

– Главните актери не го сакаат тоа, и не само заради дополнителната сигурност што ја носи, туку и од многу себична причина: Беше многу болно да се помине низ сето тоа и би било исто толку болно да се повтори.

– Наместо тоа, очекувам олеснување во смисла на имплементација, но не и дерегулација, рече таа.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката