Меѓународна конференција на НБРМ во чест на 25-годишниот јубилеј

Од:

Народната банка на Република Македонија денеска во Скопје ја организира Шестата меѓународна истражувачка конференција насловена „Централното банкарство во услови на продолжена глобална неизвесност: Најновите лекции додека се бара ’новата нормала’“.

Годинава новина е тоа што конференцијата се организира во рамки на заедничкиот настан со Лондонската школа за економија и нивната конференција „Социјална кохезија во земјите од Југоисточна Европа“.

Истражувачката конференција на НБРМ се организира традиционално по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.

По повод 25-годишниот јубилеј на почетокот на конференцијата ќе се одржи панел-дискусија посветена на процесот на транзицијата во регионот на која ќе учествуваат претставници од меѓународните финансиски институции, академски установи и централните банки. Се очекува на панел-дискусијата да присуствува и директорот на Одделот за Европа во ММФ Пол Томсен, кој беше и прв шеф на мисијата на ММФ во Македонија,

На конференцијата ќе бидат презентирани истражувачки трудови на претставници од центраните банки и академските установи од регионот.

Би можело да ве интересира

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

А1он

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата