Во организација на Vas tour operator – Македонија денеска во Скопје ќе се одржи Меѓународен саем за туризам.
Целта на манифестацијата е да ги спои сите претставници на хотели од блиските и егзотичните дестинации со оние на кои им е потребно ново патувачко искуство и нови спомени за раскажување и споделување. Заинтересирани ќе имаат можност да добијат информации за повеќе светски дестинации и да направат резервации за патувања.
– Авантуристички, релаксирачки, културни или професионални патувања на блиски и далечни дестинации, со бројни промоции и поволни цени ќе бидат достапни за сите посетителим, соопшти организаторот.
Ќе присуствуваат претставници од Албанија, Грција, Црна Гора, Турција, Бугарија, Египет, Тајланд и Малдиви.