Мега зделка од 1,5 милијарди евра на „Ербас Хеликоптерс“ со Јужна Кореја

Од:

„Ербас Хеликоптерс“ и „Кореа Ероспејс Индустри“ (КАИ) во Сеул потпишаа договор за развојот и производството на повеќе од 300 воени и цивилни хеликоптери во вкупна вредност од 1,5 милијарди евра за идните 20 години, јави дописникот на МИА од Париз.

– Договорот е исклучителен, како според неговата големина која се однесува на развојот и производството на 214 воени хеликоптери за напад и стотина цивилни хеликоптери за повеќе сектори, како јавната безбедност, спасување, набљудување на електричните линии и слично, изјави заменик-претседателот на „Ербас Хеликоптерс“, Норбер Дукро,

Главни конкуренти на филијалата на грпата „Ербас“ на овој тендер објавен во јуни 2014 година, беа италијанско-британската групација „Агуста Вестлан“ со хеликоптерот АВ169 и американскиот „Бел Хеликоптерс“ со моделот „Бел 430“.

Цивилниот хеликоптер ќе биде развиен врз основа на ЕЦ155Б1, последната верзија на Делфин, за кој не е потребен нов сертификат.

Истиот модел ЛЦХ ќе послужи за развој на воената лесна верзија ЛАХ, кој потоа треба да биде сертификуван од корејската армија. Првите модели треба да почнат да се користат меѓу 2021 и 2022 година.

ЛАХ е хеликоптер од пет тона, опремен со топовска кула поставена на предниот дел од хеликоптерот, како кај моделите „Тигар“ или „Апачи“.

„Ербас“ се надева на негов извоз на најмалку 600 апарати, што претставува работа за добри дваесет години, ако се додадат на тоа операциите на одржување.

Ова е втора успешна зделка на „Ербас“ во Кореја, откако пред десет години беше склучен договор за производство на 240 транспортни хеликоптери за армијата. Јужна Кореја располага со околу 700 хеликоптери од американско производство, кои веќе се стари и потребата за нивна замена претсавува нова можност за „Ербас“.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски