МАТТО ќе ја поттикнува билатералната трговија со Турција

Од:

Претседателот на Стопанската комора Македонија – Tурција, Ајдован Адемоски, истакна дека билатерална трговска размена со Турција, јануари-ноември 2019, изнесува 404.230 илјади американски долари и е за 3,3 отсто поголема во однос на истиот период лани.

Адемоски оцени дека најверојатно ќе се надмине вредноста од претходната година кога изнесуваше 524 милиони американски долари. Токму денес на годишното Собрание на МАТТО изгласана е програмата за поголемо влијание врз деловната и инвстициска клима и поддршка на унапредување на трговската размена со Република Турција, како и привлкување на турските инвеститори.

Дополнително истакнал дека минатата година имало шест коморски посети од Турција, како и спојување на 97 турски компании со 40 македонски, 37 турски компании и 6 макдонски побарале поддршка од МАТТО да ги развијат своите бизниси со Македонија – односно Турција.

Од Владата се очекува да се направат суштински поместувања во економската сфера, како што е поддршка на либерализација на регионалната трговија и создавање заеднички пазар кој би можел да биде чинител во меѓународна трговија – во смисла на големина, непречен транзит, искористување на природните ресурси, отворање на нови, како и зајакнување на постоечките бизниси.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

А1он