Мастер Гаспром, нова компанија на пазарот со гас

Од:

Мастер Гаспром, македонска компанија со украински партнер од следната недела официјално влегува на македонскиот пазар со гас. Компанијата веќе доби лиценца од Регулаторната комисија за енергетика и достави банкарска гаранција од 50 милиони евра.

Од компанијата најавуваат дека на македонските потрошувачи ќе им понудат конкурентна цена и континуитет во испораката на гас.

– Предноста на нашата компанија е што имаме можности да понудиме подобри услови од останатите компании во Македонија поради партнерските односи со украинската фирма која има големо искуство на украинскиот пазар со гас. Имаме склучено директен договор со Газпром, а и мрежата за дистрибуција ќе ни овозможи непречено и континуирано снабдување со гас, тврдат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски