Малстром: ЕУ подготвена да возврати ако САД воведат царини за европските возила

Од:

Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром изјави дека има „целосна поддршка“ од земјите членки на ЕУ, Унијата да возврати доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на автомобили и автомобилски делови од Европа.

Малмстром информира дека европските министри за трговија разговарале за трговските односи на Унијата со Вашингтон за време на денешниот неформален состанок во Букурешт.

– Имаме целосна поддршка да се направи тоа, рече Малмстром.

Според неа, постои загриженост околу „одредени аспекти на економската политика што ја спроведува актуелната американска Администрација“.

Трамп најави дека САД размислуваат за воведување царини за увоз на возила од Европа, сугерирајќи дека конечната одлука зависи од тоа дали двете страни ќе постигнат трговски договор во наредните месеци.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски