Македонскиот туризам претставен во Данска

Од:

Македонија во изминатите три дена по прв пат ја претстави својата туристичката понуда на најголемиот интернационален саем за туризам на Скандинавија во Хернинг, Данска. Претставувањето следи по саемот Vagabond во Копенхаген.

– Саемот за туризам во Хернинг е организиран во 13 хали, а туристичката понуда на 1.100 изложувачи е претставена пред 61.885 посетители на саемот. Агенцијата за туризам на овој саем ја промовираше и ја претстави природата и активниот туризам во Македонија со што привлече огромен интерес, а за разлика од многу други земји, скандинавците помал интерес покажаа за македонската историја и култура, соопшти Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Во конкуренција од 51 земја која на саемот ја изложија својата понуда, сепотенцира во соопштението, делегацијата на Македонија оствари бројни контакти, меѓу кои и со најголемите тур-оператори за Данска и Скандинавија – Sunweb, Appolo, Detur, Beach Tours, Suntur, TUI Denmark и Bravo Turs. Дел од нив најавија посета на Македонија и вклучување на земјава во нивните продажни туристички каталози.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ