Македонски концепт со конкретни предлози до Владата

Од:

Македонски концепт до Владата на Република С. Македонија достави Предлог Уредба за формирање на Национален економски совет, заради создавање на услови за економско и финансиско стабилизирање на Република Северна Македонија, поради вонредната состојба предизвикана од COVID-19.

„Предлагаме Националниот економски совет да има советодавно–консултативна улога во креирање и имплементација на економски стратегии и политики со задача да дава конкретни мерки, предлози, мислења и препораки за надминување на економската криза во државата. На тој начин, наместо лицитација на економски мерки, ќе имаме синхронизација на мерките, врз основа на релевантни влезни податоци и изградени врз научна и искуствена основа.

Во Националниот економски совет предлагаме да членуваат: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Членови на Владата од финансискиот и од економскиот сектор, потоа претставници на МАНУ, Гувернерот на НБРМ, Директор на ДЗС, редовни и вонредни професори по економски науки делегирани од универзитетите во РСМ, Претседателите на стопанските комори во Република Северна Македонија, претставници на невладини организации и други членови делегирани од Владата на Република Северна Македонија.

Предлог Уредбата до Владата е доставена по електронска пошта, со цел максимално почитување на мерките и препораките за намалување на ризикот од ширење на COVID-19“, велат од Македонски концепт.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Богојески: Се создава атмосфера на линч кон мене и моето семејство

А1он

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА