Македонската туристичка понуда презентирана во Русија и Шведска

Од:

Туристичката понуда на Македонија и на Охрид изминатите денови беа претставени на Саемот за туризам „Mitt“ во Москва, како и на Саемот за туризам „TUR“ кој се одржуваше во шведскиот град Гетеборг.

Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), во главниот град на Руската Федерација биле остварени средби не само со постоечките туристички партнери, туку и иницирани и нови контакти од кои се очекува унапредување на соработката.

– Беа остварени средби со претставници на рускиот тур оператор „7 Tour” кој веќе неколку години носи руски туристи во Македонија. Од минатата година започна и соработката со Руската асоцијација на тур-оператори и туристичките агенции „Amigo tours“ и „Inter-visam“ чии претставник е Ирина Росолин. Таа е основач на Здружението „Посетете ја Македонија“ што на својата интернет-страница нуди тури за Mакедонија и информации за најатрактивните туристички дестинации во нашата земја, информира АППТ.

Преку штанд со нов дизајн и освежени промотивни материјали Македонија била успешно претставена и на саемот во Гетеборг.

– Оваа година остваривме средба и одржавме успешна презентација пред продукт-менаџерите на шведскиот тур-оператор „TUI Fly Nordic“ кои изразија интерес да ја постават Македонија на шведскиот пазар во нивната туристичка понуда за претстојните сезони. Одличната авионска конекција со Шведска преку директните линии од Скопје до најголемите шведски урбани центри Стокхолм, Гетеборг и Малме го зголемија интересот за посета на нашиот главен град како атрактивна „City break“ дестинација, соопшти Агенцијата.

Истовремено, како дополнителна предност при привлекувањето шведски туристи, се посочува и субвенцијата за скандинавските земји која изнесува 65 евра по донесен турист за авионски организиран туристички промет во нашата држава.

Македонските туристички потенцијали преку активности на АТТП беше дел од значајните туристички манифестации и саеми одржани претходно во Утрехт, Истанбул, Брисел, Софија, Белград и Берлин. Саемската промоција на Македонија ќе продолжи кон крајот на јули на туристичкиот саем во Келн, Германија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ