Македонија се претставува на Саемот за туризам во Утрехт, Холандија

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија деновиве ја промовира туристичката понуда на земјава на Саемот за туризам во Утрехт, Холандија.

– Ова е еден од најголемите саеми во Европа кој овозможува вмрежување и полесна размена на контакти со скоро сите земји од светот, а тоа претставува и одлична можност и за приватниот сектор да оствари соработка со тур-оператори, туристички агенции и национални организации од целиот свет, велат од Агенцијата за туризам.

За време на Саемот, додаваат, делегација на Агенцијата за туризам оствари средба со бројни тур-оператори од Холандија меѓу кои и Cyclo Travel, NKC, D Travel, Running Tours, Adriatic Vakanties, Fiets, Kras, како и многу други, а дел од нив веќе најавија и тури за Македонија уште оваа пролет.

– Најголемите тур-оператори кои скоро една декада носат туристи во Македонија – ТУИ и Корендон, изразија задоволство од соработката со земјава и регистрираа пораст на бројот на туристи за почетокот на 2017 година од скоро 10 отсто, во одност на истиот период од минатата година. Холанѓаните, кои традиционално доаѓаат во Македонија, се генерално повозрасни, но оваа година изненади интересот на помладата генерација од Холандија. Нивниот фокус е насочен на активности и авантура, а посебно велосипедизам, пешачки тури и планинарење, порачуваат од Агенцијата за туризам.

Кампингот и подолгиот одмор на една дестинација, потенцираат, е специфика на холандската нација која се повеќе се ориентира кон Македонија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ