Македонија пристапи кон највисокиот стандард за дисеминација на податоци на ММФ

Од:

Во Скопје денеска ќе биде промовирано пристапувањето на Република Македонија кон највисокиот стандард за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС Плус.

За значењето на овој стандард и за пристапувањето на земјата кон него ќе говорат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Целта на СДДС Плус е да им помага на земјите кои се статистичи напредни при објавувањето на сеопфатни, навремени и веродостојни еконимски и финансиски податоци во рамките на постојана економска и финансиска интеграција.

Како што изјави Луи Марк Душарм, главен раководител за статистика и податоци во ММФ, дисеминацијата на нови податоци согласно највисокиот стандард ќе биде од непроценливо значење што придонесува за подобро информирани проценки на перформансот на финансискиот секор во земјата, прекугранични финансиски врски и ранливоста на економијата од шокови.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели