Македонија подготвена за заеднички транзит со ЕУ

Од:

Република Македонија е подготвена за преземање на обврските од пристапување кон конвенциите за заедничка транзитна постапка и за поедноставување на формалностите во трговијата. Експертите од Европската комисија ја оценија состојбата околу подготовките на Царинската управа како многу успешна и на високо ниво.

Врз основа на резултатите се очкува Европската комисија да достави покана до Република Македонија за пристапување кон конвенциите, по што ќе следи и пристапување во системот за заеднички транизт на ЕУ кон средината на 2015 година, соопшти Царинската управа на РМ.

Пристапувањето кон овие конвенции е предуслов за воведување на системот на Заеднички транзит и поедноставување на царинските постапки при спроведување на транзитна постапка кон државите на ЕУ и ЕФТА државите (Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн), како и кон Турција.

Царинската управа работи на воведувањето на Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) од 2010 година. Воведувањето и употребата на транизитниот систем базиран на НКТС на национално ниво, што беше реализирано на 1 март 2014 година, претставува важен чекор со кој се создадени услови за започнување на процедура за поврзување со електронскиот систем на Царинската управа на Република Македонија со царинските системи на Европската унија, уште пред добивање на статусот полноправна членка на ЕУ.

Воведувањето на НКТС за економските оператори од Република Македонија ќе значи намалување на трошоци и доцнења предизвикани од употреба на декларации во хартиена форма, побрзо ослободување и раздолжување на транзитната гаранција заради завршување на транзитната постапка во реално време, намалување на бројот на формалности при спроведување на поедноставените царински постапки во транзит, висок квалитет на услуга, намалување на времето на чекање на операторите на границите и кај одредишните испостави при трговијата со сите земји на ЕУ, Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Турција.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ