Македонија на Саемот за туризам во Тирана

Од:

Шест ко-изложувачи од Македонија, хотелиери и угостители денеска и утре учествуваат на Саемот за туризам во Тирана.

Саемот е од затворен карактер, само за средби меѓу приватниот сектор, не и за посетители, а учеството на македонската делегација го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Земјава во Тирана се претставува втора година по ред, но првпат учествуваат и две општини, Охрид и Струга.

– За саемот во Тирана АППТ изработи флаер на албански јазик во кој се промовираат дестинациите Скопје, Битола, Охрид, Струга и ски центрите низ Македонија. Македонскиот штанд е на 40 метри квадратни со репрезентативен изглед кој ги доловува туристичките карактеристики на нашата земја, вели директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски кој ја предводи делегацијата.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ