Македонија има потенцијал за бањски и СПА туризам, но не се користи доволно

Од:

Македонија има над 65 извори на термални води, но наместо за бањски лекувалишта и велнес центри ги користи за загревање оранжерии и други видови производство.

Како што изјави денеска државниот секретар во Министерството за економија Зоран Павловски, имаме одлични услови за бањски и СПА-туризам, посакувана дестинација сме, а Нејшнл Џеографик не рангира на 26. место за алтернативен туризам.

-Во моментов имаме осум до 10 класични бањи, но заложбата е изворите со термални води полека да се отвораат и да се ставаат во функција на туризмот. Се повеќе луѓе обрнуваат внимание на своето здравје, а ние имаме голем потенцијал за алтернативен туризам, истакна Павловски по денешната трета Македонска туристичка берза.

Според него, Македонија секоја година бележи зголемување на бројот туристи. Очекувањата се да ја надминеме бројката од 1,2 милиона што ќе значи зголемување на приходот во Буџетот.

Оценка на Васил Сулев од Националната асоцијација за дојдовен туризам е дека Македонија догодина може да достигне раст од 20 проценти и да ги надмине сегашните 16 отсто.

Преку Македонската туристичка берза која овозможува средби на туристичките работници и агенциите, минатата година се реализирани еден милион евра, а од сегашните бизнис конекции се прогнозираат вкупно 1,5 милиони.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ