Македонија и Црна Гора со заедничка туристичка понуда пред трети земји

Од:

Македонија и Црна Гора договараат заеднички туристички производ што ќе биде понуден на трети пазари. За да ја подобрат економската соработка кој е на незавидно ниво, освен во туризмот, предвидуваат зајакнување на односите и во прехранбената индустрија.

Како што беше речено на денешниот бизнис форум во Стопанската комора, Црна Гора е 36. трговски партнер на Македонија.

– Не можеме да се пофалиме со голема размена. Износот е многу мал. Во оваа насока, а и со оглед дека имаме Договор за соработка во областа на туризмот, планирани се повеќе активности. Ќе организираме инфо-тура за посета на нашите тур-оператори во Црна Гора и обратно, нивни тур-оператори да дојдат тука. Целта е да се согледаат капацитетите од двете страни. Се размислува и за организирање заеднички туристички производи, Македонија и Црна Гора да се претстават како заедничка дестинација пред туристи од трети земји, нагласи Даниела Михајловска од Комората.

Бизнис-форумот го организира Амбасадата на Црна Гора во Макдонија, а присуствуваат околу 40 претставници од бизнис секторот. Во фокусот е Тиват кој последните десет години, беше речено, бележи инвестициски бум.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ