Македонија и Чешка ќе работат на унапредување на трговијата со земјоделско-прехрамбени производи

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан. На средбата се разговараше за идните конкретни активности за унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството меѓу девте земји.

Министерот Николовски, истакна дека во периодот што следува е многу важна поддршката на македонските институции во процесот на прилагодување кон Европската унија и во искористување на претпристапните фондови од ЕУ за земјоделство и рурален развој.

Беше предложена иницијатива за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу двете министерства каде ќе се утврдат областите на заеднички интерес и формите на идната соработка.

Амбасадорот Томан упати покана до министерот Николовски за посета на Република Чешка, на најголемиот и најзначаен меѓународен саем за земјоделство и храна што се одржува во август следната година, заедно со фирмите кои се заинтересирани за извоз на земјоделско прехрамбени производи.

Во рамки на оваа посета ќе биде остварена и средба помеѓу министрите за земјоделство на Република Македонија и на Репуублика Чешка, на која што е планирано да се договорат идните конкретни чекори за соработка во доменот на надлежност на двете министерства.

Република Чешка претставува значаен трговски партнер за Република Македонија.

Во таа насока се планира долгорочна поддршка за промоција на македонското вино и преработки од овошје и зеленчук на чешкиот пазар, преку поддршка што државата ја озбебедува за настап на саеми и промотивни настани во Република Чешка.

Потенцијалот што го поседуваат двете земји во земјоделското и сточарското производство е голем, и треба да биде соодветно искористен, беше заклучено на денешниот состанок помеѓу министерот Николовски и амбасадорот Томан.
Македонската преработувачка индустрија за овошје и зеленчук во последно време бележи тренд на зголемување на извозот во Чешка што е многу значајно бидејќи преработките имаат додадена вредност и постигнуваат повисока цена.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп