Македонија и Грција ја продлабочуваат енергетската соработка

Од:

Министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис заедно со претставници од Операторот на националниот систем за пренос на природен гас на Грција (ДЕСФА) и на Независниот оператор за пренос на електрична енергија на грчката електродистрибуција (АДМИЕ), во понеделник и вторник доаѓаат во Скопје на средби со претставници на македонската Влада и за потпишување меморандуми за сорабтка.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, предвидено е да се потпишат два меморандума, еден за изградба на гасовод, а друг за електрични поврзувања на двете земји.

Со ова продолжува енергетска соработа меѓу Македонија и Грција, која како основа и почеток го има потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу МЕР и ДЕСФА, пред две години.

Извори од грчкото Министерство за животна средина и енергија за МИА велат дека посетата на министерот Статакис и високите претставници на двете грчки јавни компании ќе ги покажат придобивките што би произлегле од подобрувањето на односите меѓу двете земји, од продлабочувањето на соработката, но и позитивното влијание што врз односите меѓу Македонија и Грција би го имала евроинтеграцијата на нашата земја, како и придобивките во секојдневието на граѓаните од напредокот во енергетската соработка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он