Македонија доби сребрена плакета за успешно промовирање на туризмот

Од:

Македонија доби сребрена плакета за нов квалитет во туризмот на Интернационалниот саем Winter & Spa туризам што се одржа на 23 и 24 октомври во Нови Сад, Србија.

– Наградата го потврдува успешното промовирање на македонскиот туристички производ и Македонија како нова и атрактивна дестинација на Балканот и пошироко, нудејќи им на светските туристи искуство кое ги спојува различните туристички сегменти од култура и историја до активности во природата, истакнува Агенцијата за промоција на туризмот во денешното соопштение.

За време на саемот остварени се средби со бројни учесници во туристичкиот сектор со кои се договорени идните активности.

Интернационалниот саем во Нови Сад е во организација на „Туристичка призма“ и на него покрај наградите на државите за нов квалитет во туризмот, беа доделени и награди за приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ