Македонија доби инвестициски грант во износ од 70 милиони евра како неповратна помош

Од:

Денес, претставници на Секретаријатот за европски прашања и Министерство за финансии учествуваа на Управувачкиот комитет на Инструментот за Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) на кој беа распределени 100 милиони евра како Инвестициски грантови (неповратна помош) на земјите од Западниот Балкан.

Од распределените 100 милиони евра, Република Македонија денес и формално доби одобрение на 68,6 милиони евра Инвестициски грант – неповратна помош, за Проектот за Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга од Коридор VIII, и тоа за втората делница, Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри. Оваа поддршка на Република Македонија ѝ е доделена во рамките на т.н. „Конективити“ агенда од Берлинскиот процес, што беше најавена уште на Самитот на земјите од Западниот Балкан минатиот јули во Трст.

Дополнително, Комитетот го одобри и Проектот за изработка на техничка документација за автопатот „Стенковец – Граничен премин Блаце“, во висина од 1.010.000 евра. Овие средства треба да се искористат за изработка на документација за инфраструктурен проект и Основен проект за автопатско решение за државен пат А4, како прва фаза за изградбата на автопатот кој ќе го поврзе Скопје со косовската граница.

Македонија, на последниот повик на (WBIF) во ноември, поднесе барање за Инвестициски грантови во рамките на овој инструмент и за уште два други проекти: Проект за изградба на автопатска делница Кичево – Гостивар – Грант средства за инвестиции и за техничка помош во вкупен износ од 20 милиони евра кои би биле наменети за финансирање на дел од градежните работи за патната делница Кичево –Гостивар (делот од Букојчани до Кичево); и Проект за надградба и развој на патиштата – Крива Паланка- граница со Бугарија – Грант средства за инвестиции и за техничка помош во вкупен износ од 2,62 милиони евра кои би биле наменети за финансирање на дел од градежните работи за патната делница Крива Паланка – Деве Баир, како и за техничка помош. За овие проекти веќе се отпочнати преговори за заеми од ЕБОР, а распределбата на грантовите од страна на Управувачкиот Комитет на (WBIF) за овие проекти ќе биде во јуни 2018 година.

Регионот на Западен Балкан останува високо на агендата на Европската Комисија, за што на овој состанок и официјално се најавија два нови повици за аплицирање на инвестициски грантови во висина од околу 100 милиони евра и техничка помош во висина од 12 милиони евра. Повикот за инвестициски грантови за инфраструктурни проекти ќе биде отворен во текот на 2018.

Би можело да ве интересира

САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со Македонија од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари

А1он

Светска Банка додели грант во износ од над 60 милиони денари за 12 општини во земјава

А1он

Ангеловска: Грант од 10 милиони евра од ЕИБ за најголемата пречистителна станица

Осум организации добија едногодишни грантови од УСАИД

Ана Ололовска

Едногодишни грантови за осум организации од УСАИД

Ана Ололовска

ВИДЕО: Грант од Владата за проектот Википедија за млади

Ана Ололовска