ЛП: Владата на ВМРО-ДПМНЕ го кочи економскиот развој

Од:

„Либералната Партија оценува дека одложувањето на либерализацијата на цената на струјата е последен во низата трикови со кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ се труди да одржи контролата врз економијата и да создава привид на политичко милосрдие кон граѓаните.

Бидејќи со одлагањето на либерализацијата цената на струјата за производството ќе остане висока, Владата продолжува да го поскапува македонското производство и да ја намалува конкурентноста на македонските компании.

Со тоа, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спречува развојот на домашното производство и последично, го дестимулира вработувањето во реалниот сектор.

За Либералната Партија, животниот стандард на граѓаните не се качува со социјална помош и државен интервенционизам, туку со мерки што стимулираат раст и вработувања.

Со промената на условите на пазарот, во услови кога компаниите веќе склучуваат договори за поефтина струја,Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави директен упад во стопанството и одржува монопол на ЕВН, но и на моменталните фирми што вршат промет со струја, кои низ матните зделки на некого од власта му носат големи пари.

Одложувањето на либерализацијата на цената на струјата е спротивно и на одредбите од Атинскиот меморандумсо чие потпишување државата ја презема таквата обврска.

Со сето ова во вид, одлагањето на либерализацијата на цената на струјата од Владата на ВМРО-ДПМНЕ го кочи економскиот развој и експлицитно го поништува владеењето на правото и правната сигурност на фирмите“, се вели во соопштението на Либералната Партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки

Ескобар: Од ВМРО-ДПМНЕ добивме уверување дека земјата ќе остане на европскиот пат

Катерина Ѓуровски

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски