Лошите кредити и слабата регулатива при стечајните постапки виновни за слабиот раст на кредитирањето на банките

Од:

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека недостигот на средства, високото ниво на лоши кредити и слабата регулатива при стечајните постапки се виновници за послабиот раст на кредитирањето на банките во Западен Балкан.

Според ММФ во 2008 година надворешното финансирање на банките било зголемено за над 500 отсто, што овозможило економски раст во регионот. Во тој период помеѓу 70 и 95 отсто од банкарските активи биле под контрола на странск ибанки, но сепак, осум години по светската финансиска криза банките ги намалиле средствата од странство и се потпреле на сопствено финансирање.

Економиите од земјите во регионот, вклучувајќи ја и Македонија, мора да обезбедат правни рамки за решавање на проблемите со лошите кредити и да забрзаат реформи во судството, покрај подобрувањето на закоаните за стечај и несолвентност, нагласуваат од ММФ.

Според ММФ, нивото на лоши кредити во Албанија било 18,3 отсто од вкупниот пласман, во БиХ 11,8 отсто, Македонија 6,3 отсто, Црна Гора 11,1 отсто, во Србија 17 отсто, а во Косово 4,9 отсто.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели