Лондонската берза најави отпуштање на 250 работници поради Брегзит

Од:

Лондонската берза најави дека ќе отпушти 250 работници оваа година,во согласност со подготовките за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Одлуката за отпуштања, чија цел е остварување на годишна заштеда од 30 милиони фунти, ја соопшти новиот директор на берзата Дејвид Швимер, кој ја презеде функцијата во август минатата година.

-Ние сме многу добро подготвени за сите сценарија на Брегзитот. Очекуваме дека можностите за раст на меѓународно ниво ќе ги неутрализираат можните неповолни трендови на пазарот во 2019 година, изјави Швимер.

Лондонската берза, како што е соопштено, сепак, нема да може да ја оствари целната профитна маржа за оваа година од околу 55 проценти, со оглед на планираното капитално трошење.

-Отпуштањата ќе ги зафатат сите делови на бизнисот, а ќе се фокусираме на намалување на двојните работни места, рече Швимер.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон