Лихачов: Грција направи чекор кон излез од еврозоната

Од:

Грција, која вчера на референдумот масовно им кажа „не“ на предлозите на кредиторите, направи чекор кон излез од еврозоната, изјави првиот заменик министер за економски развој на Русија, Алексеј Лихачов.

Како што пренесува  ТАСС, отфрлањето на мерките за сторого штедење, за кое се изјаснија граѓаните на вчерашниот референдум, не значи автоматско излегување на Грција од еврозоната, забележа Лихачов.

„Освен тоа, очигледно е дека од понеделник поактивни ќе бидат преговорите меѓу грчките власти и кредиторите. Но не може да не се сфати дека неделното „охи“ е чекор кон излез од еврозоната“, додаде рускиот заменик министер.

Според него, евентуалното откажување на Грција од еврото ќе биде шок терапија за Европаската унија, но на среднорочен план ќе ја оздрави еврозоната.

Лихачов напомена дека грчката економја уште од 2008 година
демонстрира „неможност да опстојува во еврозоната од објективни причини“.

Резултатите од референдумот сведочат за „силната доверба“ на грчкиот народ кон владата на Ципрас и значат значително засилување на позицијата на Грција во преговорите со ЕУ, изјави шефот на надворешнополитичката комисија во Советот на Федерацијата (Горниот дом на рускиот Парламент) Константин Косачов, цитиран од француските медиуми.

-Малку е  веројатно ситуацијата во Грција да премине во неконтролиран хаос, никој нема потреба од тоа (…) но Ципрас сега ќе се чувствува посигурен во себе на преговорите со европските кредитори, додаде Косачов.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент