Ленинградска утре без струја

Од:

Од 9 до 12 часот, утре без струја ќе останат корисниците лоцирани на улица Ленинградска во општина Центар.

В понеделник без струја од 8.30 до 15.30 часот ќе бидат корисниците од улиците Струмичка, Павле Илич, Дижонска и Вуковарска во општина Чаир. Од 9 од 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Востаничка, општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 15 часот, в понеделник без струја ќе останат корисниците од улиците 4, 5 и 8 во село Студеничани.

Без електрична енергија од 9.30 до 15 часот в понеделник ќе бидат и дел од корисниците од улица Козле, поточно во околината на куќниот бр.38 од истата улица.

Од 10.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Шишево, општина Сарај.

Од РЦУК – Скопје информираат дека прекините се заради инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство